Дончиќ играше како на „Сони“ – Го чуваа тројца кошаркари и пак успеа да направи додавање за победа (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше нова маестрална партија во победата на Далас маверикс над Бостон селтикс од 95:92. Словенечкиот кошаркар уфрли 26 поени, а неговиот потег во последниот кош за Далас беше маестрален.

Лука со топката тргна да поентира, но виде дека пред него има тројца кошаркари на Бостон, а на крајот успеа да ја додаде топката до Спенсер Дивиди, кој реализираше за 95:92.

Бостон имаше неколку напади за израмнување, но не успеа да постигне тројка.

- Оглас -

Најнови вести