Дончиќ им продаваше финти на Грците, но теренот го напушти со наведната глава (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Грција славеше во Љубљана против Словенија со 98:91 во пријателски натпревар кој се играше како дел од подготовките на двете селекции за претстојното Светско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

На Словенците не им помогна ниту фантастичната партија на Лука Дончиќ на кого му фалеше само една асистенција за трипл-дабл (20 поени, 14 асистенции и 9 скока).

Но, затоа Дончиќ имаше фантастичен потег во првото полувреме кога по еден одличен дриблинг, играч на Грција се најде на подот, а потоа поентира и тоа под прекршок.
Најдобри кај Грција беа Костас Папаниколау со 18 поени и Михал Лунцис со 13 постигнати поени.

https://twitter.com/i/status/1686817502469189632

- Оглас -

Најнови вести