Дончиќ искрено: Ми го скршија срцето, па настрада мобилниот телефон

Оваа сезона во НБА лигата ќе се памти по еден од најнеочекуваните размени во историјата. Во сред сезона, Далас маверикс реши да го размени Лука Дончиќ и тоа во Лос Анџелес лејкерс.

Словенечкиот репрезентативец откако дојде во НБА го носеше дресот на Далас и се очекуваше да потпише нов повеќегодишен договор и да ја добие максималната сума. Сепак, челниците на Далас решија да го трампаат Дончиќ и тоа во Лос Анџелес. Дончиќ се присети на тие моменти, кога преку телефон дознал дека е разменет во Лејкерс.

„Бев во кревет и се подготвував да спијам кога ми зазвони телефонот. Три пати помислив дека е 1 април. најмногу почувствував тага. Тоа беше голем шок за мене. Срцето ми се скрши“, откри Дончиќ на едно ТВ интервју.

Откако раскажа за првичниот шок што го имал, во просторијата влезе и неговата агентка, Лара Бет Сигер и му го подаде телефонот на Лука велејќи му „Мислам дека ова ти е спомен од таа ноќ“.

Кога дознал за трампата, Дончиќ во лутина го фрлил и го искршил телефонот, кој уште го користи. „Да, телефонот е скршен, но уште работи“, рече Дончиќ, кој додаде дека до случување на трампата, тој верувал дека целата НБА кариера ќе ја помине во Далас.

- Оглас -

Најнови вести