31.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Дончиќ ја покори Италија и ги одведе Словенците во четвртфиналето

Кошаркарската репрезентација на Словенија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, откако во осминафиналето во Рига славеше над селекцијата на Италија со резултат 84-77. Лука Дончиќ беше незадржлив за ривалите. Во првата четвртина уфрли 22 поени, а до полувремето дури 30. Мечот го заврши со 42 поени зад своето име.

Италијанците подобро го отворија натпреварот и поведоа со 4-0, додека Словенците по повеќе од две минути игра стигнаа до првите поени.

Како што течеше првата четвртина, играта на Словенците стануваше посигурна, па по четири минути тие поведоа со 7-4, откако Грегор Хроват ја погоди првата тројка на натпреварот.

Финишот на првата четвртина донесе вистинско шоу на Дончиќ, чии потези не наидуваа на сериозен отпор, па Поцеко мораше да побара тајм-аут.

Словенија на крајот на првата четвртина замина со +18, а најдобриот словенечки кошаркар доби заслужен одмор на стартот од вториот период.

Италијаните покажаа дека борбени и полни со енергија во тој момент, па на полувремето заминаа со -10.

Во продолжението Фонтекио ја предводеше Италија, но направи и фаул во напад со што ја прекина својата серија. Третата четвртина беше негово шоу, од одлични до лоши моменти, што беше симбол на целата игра на Италија овој ден.

Финишот на третата четвртина ја одбележа Ален Омиќ, но и тројката на Галинари со фаул. Препелиќ сепак возврати со прецизен шут пред последната четвртина.

Муриќ со одлична прецизност продолжи на стартот од последната четвртина, но Нијанг ја одржуваше Италија во игра. Дончиќ го внесе противникот во проблеми со лични грешки и ја зачува двоцифрената предност на Словенија, иако Галинари ја подобри својата игра.

На четири и пол минути до крај, Николо Мели погоди тројка за -6, па Секулиќ побара тајм-аут. Натпреварот влезе во нервозна завршница.

Препелиќ промаши две слободни фрлања, Фонтекио израмни на две минути до крај, но Дончиќ веднаш ја врати предноста.

Токму Дончиќ со слободни фрлања обезбеди +5 за Словенија во завршните моменти, а неуспешните напади на Италија ја запечатија нивната судбина, Словенија заслужено оди во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести