Дончиќ ќе ги предводи Словенците на Мундобаскет

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, ќе ја предводи репрезентацијата на Словенија на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Покрај Дончиќ, селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, Александар Секулиќ, повика уште еден играч од НБА, тоа е членот на шампионот, Денвер нагетс, Влатко Чанчар.

Во репрезентацијата има е двајца Американци, Џордан Морган и Мајк Тоби.
Словенија се наоѓа во групата Ф заедно со Зеленортски Острови, Венецуела и Грузија. Светското првенство ќе се одржи од 25 август до 10 септември.

Список на репрезентација на Словенија: Јака Блажиќ, Саша Цијани, Влатко Чанчар, Јакоб Чебашек, Жига Димец, Лука Дончиќ, Зоран Драгиќ, Грегор Глас, Грегор Хорват, Урбан Клавжар, Аљаз Кунц, Миха Лапорник, Јуриј Мацура, Блаж Махковиќ, Џордан Морган, Алексеј Николиќ, Бине Препелиќ, Клемен Препелиќ, Жига Самар, Мајк Тоби.

- Оглас -

Најнови вести