22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Дончиќ ќе ја продолжи мизеријата на Лејкерси

8341 Лос Анџелес лејкерс – Далас маверикс (НБА, 04:00 часот)

Домаќините играат во катастрофална форма и на последните шест натпревари имаат дури пет порази.

Лејкерси со ѕвезди во тимот како Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Ентони Дејвис, којшто е повреден, мака мачат сезонава и прашање е дали ќе обезбедат настап во плејофот со оглед на тоа дека се наоѓаат на деветтото место на Западот.

Од друга страна, Далас е стабилен на петтото место и предводен од маестралниот Лука Дончиќ ќе бара уште една победа.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

8337 Минесота тимбервулфс – Голден стејт ворирорс (НБА, 02:00 часот)

Тешко е да се прогнозира кој ќе биде победник, но можеме да очекуваме спектакуларна кошарка со голем број поени и атрактивни потези.

Од едната страна го имаме најдобриот тројкаш на овогодишниот Олстар, Карл Ентони Таунс, додека од другата е најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Стеф Кари и фантастичниот Клеј Томпсон. Сето тоа е доволна најава за спектаклот што нè очекува.

Предлог тип: >231.5 (1.97)

 

8336 Торонто репторс – Бруклин нетс (НБА, 01:30 часот)

Гостите на оваа средба ќе бидат без Кевин Дурант, Бен Симонс и Кајри Ирвинг и важат за аутсајдери. Торонто, пак, пред своите навивачи редовно игра „тврда“ кошарка со мал број поени, според стандардот на НБА-лигата.

Триумфот на домаќините во „Ер Канада центарот“ е очекуван, но исто така и тоа дека ќе видиме мал број поени.

Предлог тип: 1&<218.5 (2.65)

 

8001 Вашингтон визардс – детроит пистонс (НБА, 01:00 часот)

Вашингтон во последниот преоден рок го доведе Кристапс Порзингис од Далас и со тоа најави дека нема да се откаже од борбата за пласман во плејофот.

Иако во моментов се наоѓаат на 11-тото место на Истокот и не се во најдобра серија, победата не би требало да биде доведена во прашање. Детроит е еден од најслабите тимови сезонава, па затоа домаќините од главниот град нема да имаат проблеми.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -2.5 (1.90)

 

8448 Тампа беј лајтнинг – Отава сенаторс (НХЛ, 01:00 часот)

Актуелниот првак во НХЛ-лигата и сезонава игра на голем број погодоци пред своите навивачи. Противникот по полноќ исто така е „наострен“ за гол плус, па затоа ќе видиме спектакл на мразот.

Тампа не би требало да има проблеми да ја одбрани фаворитската улога, но исто така ќе видиме најмалку шест гола, а квотата за такво нешто во Sport Life изнесува 1.70.

Предлог тип: >5.5 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести