Хероите на Италија против Србија имаат „смешни“ граници за да бидат во „плус поени“ против Франција

Франција ќе игра против Италија, додека Словенија за ривал ја има Полска во двата меча кои треба да ги дадат последните полуфиналисти на Европското првенство во кошарка.

Се очекува Словенија без многу проблеми да ја победи Полска, а Франција ја има фаворитската улога против Италија.

Италијанците го направија најголемото изненадување на ЕП откако во осминафиналето ја елиминираа Србија. Аѕурите сега се осоколени дека може да парираат и против Франција, иако традицијата вели дека Галските петли победувале на последните 11 меѓусебни дуели. Италија последен пат се радувала против Франција во септември 2003 година, што значи поминале 19 години од нивна победа.

Спису, кој даде 22 поени против Србија, сега има граница од 7,5 поени да биде во плус, додека Мели, кој постигна 21 поен во осминафиналето, сега е на граница од 12,5 поени. Ако на овие двајца повторно им тргне шутот, лесно ќе стигнат до „плус поени“.

Словенија е голем фаворит против Полска, но нокаут-мечевите кои досега се одиграа покажаа дека нема ништо сигурно. Лука Дончиќ е на „граница“ од 28,5 поени, а освен на поените на играчите, може да се обложите и на бројот на асистенции или скокови кои ќе ги остварат.

- Оглас -

Најнови вести