Лука Дончиќ кога игра кошарка, тоа изгледа како најлесната работа на светот, иако НБА е најсилната лига на планетата.
Лука се забавуваше против Јута џез со спектакуларни потези, но беше и вистински лидер на Далас маверикс во победата од 114.100.
Словенецот имаше и 10 скока, а Далас има шанси да се бори за третото место во Западната конференција и има само две победи помалку од Голден стејт вориорс.
goodness pic.twitter.com/F4UHedsNT5
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 28, 2022
Леброн Џејмс постигна 39 поени за Лос Анџелес лејкерс и го мина Карл Мелоун на второто место на вечната листа со кошаркари со најмногу поени во историјата на НБА-лигата.
Кинг Џејмс сега има 13.529 поени, еден повеќе од Мелоун, а прв е Карим-Абдул Џабар со 15.837 поени.
With this deep three, LeBron becomes the second player ever with 37,000 points! pic.twitter.com/I5fJv5hmj6
— NBA (@NBA) March 27, 2022
Сепак, на радоста на Џејмс сенка фрли поразот на Лејкерс против Њу Орлеанс пеликанс со 116:108 во чудни околности.
Езерџиите водеа со 20 поени разлика, 69:49 на полувреме, а успеаја да ги прокоцкаат и највиските 23 поени предност што ги имаа во текот на првиот дел и да загубат, па сега и настапот во плејофот им е загрозен.
Лејкерс се 10-ти во Западната конференција со биланс 31-43, пред Сан Антонио со ефект 30-44, а првите 10 екипи ќе играат во плејофот.
Congrats to @KingJames of the @Lakers for moving up to 2nd on the all-time FIELD GOALS MADE list! #NBA75 pic.twitter.com/NxcfS7snbl
— NBA (@NBA) March 28, 2022
Останати резултати: Бостон – Минесота 134:112, Феникс – Филаделфија 114:104, Вашингтон – Голден стејт 123:115, Бруклин – Шарлот 100:119.