Лука Дончиќ постигна 39 поени, но и тоа не беше доволно за неговата Словенија да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во кошарка. На крајот Словенија загуби од Германија со 99:91 и тука го заврши патот на континенталниот собир, без шанса да освои медал.
Покрај 39-те поени, Дончиќ имаше и 10 скокa и седум асистенции, но Словенија не успеа да влезе во полуфиналето.
„Верувавме дека можеме да победиме и го покажавме тоа. Што им реков на момците? Честитки до сите, од првиот до последниот, сите се боревме. Можев да играм подобро во последните моменти. Кога играта се распаѓаше, не ги донесов најдобрите одлуки“, рече Дончиќ, кој не заборави да ги спомне судиите од кои беше разочаран.
Првата ѕвезда на теренот многу рано доби три лични грешки, а потоа и четврта лична грешка во раната фаза од второто полувреме, па до крајот мораше да игра многу повнимателно.
„Нема да кажам ништо. Ја добив мојата прва техничка грешка по две минути од играта, кога извикав „Ало“. Тоа не треба да се случува во четвртфиналето, без оглед на името на играчот. Дури ни да не добијам опомена. Навистина не знам што мислеа судиите тука“, беше јасен Дончиќ и на крајот додаде дека е лут по поразот, но и горд на своите соиграчи:
„Се боревме од почеток до крај. Целевме повисоко, за нас зборуваа со многу непочитување. Браво за сите, како што реков претходно, можевме да бидеме на одмор, но се бориме за секоја топка. За неколку дена ќе бидам горд на она што го постигнавме“, рече Дончиќ по елиминацијата во четвртфиналето на Евробаскетот.