Дончиќ му асистираше на Леброн Џејмс за влез во историјата

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа тимот на Њу Орлеанс пеликанс со 136-115 благодарение на одличните партии на Лука Дончиќ и на Леброн Џејмс.

Токму Дончиќ во четвртата минута од натпреварот му асистираше на Леброн за влез во историјата.

Лука го проигра Џејмс, кој погоди тројка и на тој начин ја надмина границата од 50.000 поени во НБА-лигата, кога се земаат предвид и регуларната сезона и плејофот.

Леброн го заврши натпреварот со 34 поени и сега има вкупно 41.871 поен во регуларниот дел од НБА-лигата и 8.162 во плејофот.

Освен 34 поени, Леброн запиша и осум скока и шест асистенции, додека Дончиќ исто така блескаше со 30 поени, осум скокови и 15 асистенции.

Милвоки бакс го совлада составот на Атланта хокс на гости со 121-127. Јанис Адетокумбо имаше трипл дабл со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Демијан Лилард дополни со 23 поени.

Голден стејт вориорс славеа на гости кај Њујорк со 102-114. Стеф Кари имаше ефект од 28 поени, седум скока и девет асистенции.

Резултати: Индијана – Хјустон 115-102, Орландо – Торонто 113-114, Атланта – Милвоки 121-127, Њујорк – Голден стејт 102-114, Чикаго – Кливленд 117-139, Минесота – Филаделфија 126-112, Сан Антонио – Бруклин 127-113, Феникс – ЛА клиперс 119-117, ЛА лејкерс – Њу Орлеанс 136-115.

- Оглас -

Најнови вести