Вечерва во арените во САД ќе се одиграат седум натпревари од најсилната кошаркарската лига, а за кои Sport Life подготви одлична понуда со 161 комбинација за секој меч.
Дербито на вечерта ќе се игра во „Американс ерлајнс центарот“, каде што Далас маверикс ќе го пречека најдобриот тим во Западната конференција, Минесота тимбервулфс (17-5).
Далас е трет на Западот со 15 победи и осум порази, а вечерва Лука Дончиќ ќе мора да преземе огромен дел од одговорноста поради повредите на Ирвинг, Грин и Клебер.
Сезонава овие два тима веќе одиграа два натпревари меѓу себе и на двата славеше Минесота, прво со 111:99, а потоа и со 104:94.
На шампионот Денвер нагетс му лежат натпреварите против екипите од Источната конференција и вечерва има одлична шанса да дојде до третата победа по ред.
По триумфите над Атланта и Чикаго, Јокиќ, Мареј и соиграчите вечерва го пречекуваат Бруклин нетс, кој утринава приреди изненадување и го совлада Феникс санс со 116:112. Квотата за Денвер да ја оствари третата победа по ред изнесува 1.28.
Во понудата на Sport Life има можност и да се игра на поени на кошаркарите. За вечерва има 33-ца кошаркари во играта „плус-минус“ поени.