Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, пријатно ги изненади фановите од Балканот пред натпреварот на неговиот тим против Шарлот хорнетс.
Словенечкиот кошаркар на средбата пристигна облечен во фармерки и маичка на која пишуваше „Се што ми е треба е суво месо и ракија“.
https://twitter.com/SerbianFooty/status/1639482852231245825?s=20
Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи 34 поени, а имаше и 10 скока и осум асистенции, но неговиот тим загуби од вториот најслаб тим во НБА-лигата и си ги закомпликува шансите да обезбеди пласман во плејофот.