Далас маверикс на гостински терен во Сан Франциско го победија Голден Стејт со 132:122, во дербито на вечерта во НБА лигата. Лука Дончиќ беше вистински лидер во победничкиот тим и на крајот заврши со 39 поени, 10 асистенции и осум скока. Словенецот е само вториот кошаркар во историјата на НБА кој има просек од 35+ поени, 10+ асистенции и 8+ скока во еден месец во кој има одиграно барем 10 натпревари. Претходно тоа му успеало само на Оскар Робертсон во далечната 1960 година.
Кај Голден Стејт најпрецизен беше Стеф Кари со 25 поени, но едноставно тој не можеше да го следи ритамот на Дончиќ.
https://twitter.com/i/status/1741292864359813369
Детроит пистонс стави крај на најлошата серија порази во историјата на НБА лигата, откако со 129:127 го победи торонто. Детроит имаше неверојатни 28 порази едно по друго и сега се радуваше по точно два месеци пауза, затоа што последниот триумф го имаше на 31 октомври против Чикаго.
Во останатите мечеви кои се одиграа во предновогодишната вечер: Индијана – Њујорк 140:126, Чикаго – Филаделфија 105:92, Минесота – ЛА лејкерс 108:106.