Лос Анџелес лејкерс го совлада Далас маверикс, благодарение на расположениот Леброн Џејмс, но кога во првата четвртина Џејмс се најде под противничкиот кош и мислеше дека лесно ќе поентира, се појави „ѕид“ наречен Лука Дончиќ, кој двапати го ја изблокира суперѕвездата и си ја зголеми популарноста.
Погледнете како изгледаше тоа:
https://twitter.com/twitter/statuses/1068718702412136449
Сепак, на крај се гледа конечниот резултат, а тој беше во полза на Лејкерс. Дончиќ заврши со само 6 поени и неговиот придонес во нападот беше скромен.
Тексашкото дерби му припадна на Хјустон и тоа убедливо. Ерик Гордон даде седум тројки од 11 обиди, а дабл-дабл имаа Џејмс Харден и Клинт Капела. За Хјустон заврши серијата од четири порази по ред, додека Спарс имаат серија од два тешки порази по ред. „Мамузите“ сезонава дури четири пати примаат 135 поени, а во претходните 22 години, само двапати им се слуи тоа.
Најинтересно беше во Бруклин каде Мемфис славеше по дури две продолженија. Дебитантот Џерен Џексон даде 36 поени беше јунак на Гризлис. Тој со тројка во финишот на регуларниот дел, го одведе својот тим во екстра период.
Кајри Ирвинг во првите три четвртини даде 29 поени против својот поранешен клуб Кавалирс, а ветеранот Кајл Корвер дебитираше во дресот на Јута џез и погоди четири тројки.
РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Кливленд 128:95, Шарлот – Јута 111:119, Детроит – Чикаго 107:88, Филаделфија – Вашингтон 123:98, Бруклин – Мемфис 125:131 (по две продолженија), Мајами – Њу Орлеанс 106:101, Оклахома – Атланта 124:109, Сан Антонио – Хјустон 105:136, Феникс – Орландо 85:99, ЛА Лејкерс – Далас 114:103, Портланд – Денвер 112:113.