Далас маверикс го победи ЛА kлиперс со 127-114 и изедначи на 1-1 во нивната плејоф-серија од првото коло, а Лука Дончиќ, кој даде 28 поени, стана прв кошаркар во историјата на НБА-лигата со постигнати вкупно 70 поени на првите два плејоф меча во кариерата. Досега рекордот го држеше Карим Абдул Џабар. Дончиќ имаше и осум скока и погоди четири тројки, што му се лични плејоф-рекорди.
За разлика од првиот меч, кога Лука играше речиси сам и не доби голема помош од соиграчите, овојпат Порзингис заврши со 23 поени и 7 скока, а Марјановиќ имаше 13 поени и 9 скока. Резервите на Маверикс уфрлија вкупно 47 поени, па тука лежи одговорот на прашањето како усшеаја да го победат противникот кај кој најдобар беше Каваи Ленард со 35 поени и 10 скока.
Џејсон Тејтум со личен плејоф-рекорд од 33 поени за 30 минути игра беше предводник на Бостон во победата над Филаделфија од 128-101. Тејтум погоди осум тројки. Кај Келтите, тројца играчи имаа 20 или повеќе поени. Селтикс води со 2-0, исто како и Торонто против Бруклин по триумфот од 104-99.
Јута израмни на 1-1 против Денвер, нивната победа над Нагетс беше со 124-105. Овојпат Донован Мичел не мораше да даде 57 поени, доволни беа и 30.