Дончиќ направи нешто што не му успеало на ниту еден играч во историјата на НБА

Лука Дончиќ одигра фантастичен меч, но сепак немаше подршка од соиграчите, па неговиот Далас загуби на домашен терен од Лос Анџелес клиперс со 108:118 во третиот меч од првата фаза на плејофот. Клиперс со оваа победа намалија на 1:2 и се вратија во игра за пласман во следното коло.

Првата ѕвезда на Далас одигра меч за памтење. Прв пат во неговата плејоф кариера даде над 40 поени. На крајот Дончиќ заврши со 44 поени, а имаше и по девет скока и исто толку асистенции. Ова беше само деветти плејоф меч за Дончиќ во неговата кариера и постави постигнување, што досега не му успеало на ниту еден друг кошаркар.

Во првите девет средби од раигрувањето Лука стигна до 275 поени и по 75 скока и 75 асистенции.

Во последните 40 години на историјата на НБА лигата, само двајца играчи имале просек од 32 поени по меч на девет средби во низа. Освен сега на Дончиќ, тоа претходно му успеало само уште на легендарниот Мајкл Џордан.

Далас во првата четвртина имаше водство од 30:11, но Клиперс не се предаде и многу брзо стигна до само еден негатива (32:31), најавувајќи дека гостите се решени да победат. Откако пред крајот на втората четвртина Клиперс поведе, во продолжение, гостите во ниту еден момент не му дозволија на Далас да дојде до водство и на крајот заслужено победија. Дуото Каваи Ленард и Пол Џорџ ги предводеше гостите до победа. Ленард даде 36 поени, а Џорџ застана на бројката од 29 поени.

Дончиќ не беше прв стрелец во НБА вечерта. Џејсон Татум од Бостон постигна 50 поени, а неговиот тим славеше против Бруклин со 125:119 за водство од 2:1 во победи.

Предност од 2:1 во победи има и Атланта во дуелот со Њујорк, откако Јастребите пред своите навивачи победија со 105:94.

 

- Оглас -

Најнови вести