Далас го победи Бруклин со 129-125 по продолжение од пет минути во најинтересниот меч во НБА-лигата кој се одигра рано утрово, а дуелот мина во знакот на Лука Дончиќ.
Словенецот имаше 41 поен, 14 асистенции и 11 скока, во продолжението од пет минути погоди три тројки и беше незапирлив за Нетс. Ѕвездата на Далас со ова стана десеттиот играч во историјата на НБА кој во кариерата направил три трипл-дабли барем со 40 поени. Тоа му беше вкупно 47-ми трипл-дабл во НБА.
Во финишот, од трибините кон Дончиќ полета една шолја полна со течност, но Лука не беше погоден. Кај Бруклин, Кајри Ирвинг даде 39, а Кевин Дурант 37 поени, но и тоа не беше доволно за победа.
Голден стејт го победи Мајами со 108-100 благодарение на Стеф Кари, кој даде 33 поени, од кои 10 во последната четвртина. Кари на сите четири домашни мечеви сезонава даде барем 30 поени.
Погледнете го инцидентот во Бруклин:
https://twitter.com/i/status/1585818614384377856
Во останатите мечеви во НБА: Оклахома – ЛА клиперс 118:110, Голден стејт – Мајами 123:110, Мемфис – Сакраменто 125:110.