Лос Анџелес лејкерс дефинитивно излезе од криза. Откако имаа четири порази по ред, сега тимот е во мини серија од две победи. Го победија Сан Антонио со 125:109.
Како и на мечот против Феникс, добриот старт на средбата беше клучен за победа на тимот од Лос Анџелес. По првата четвртина Лејкерс водеше со 32:22, а во еден момент од втората четвртина, предноста се зголеми и на 17 поени (61:44). Домаќините не попуштија во темпото, а разликата постојано се зголемуваше. Во еден дел од третата четвртина беше 94:66 и јасно беше кој ќе победи.
Интересно е дека Лука Дончиќ овојпат не беше прв стрелец кај Лејкерс. Словенецот беше засенет од Остин Рејвс, кој постигна 30 поени, а имаше и седум скока и шест асистенции. Дончиќ заврши со 21 поен, 14 асистенции и девет скока, што значи дека му недостасуваше само уште еден скок за да има трипл-дабл. Впечатлив беше катастролфалниот шут на Дончиќ од поле, погодувајќи само пет од 20 шута, а речиси половина од поените му беа од линијата за слободни фрлања (погоди 10 од 13 обиди од линијата за слободни фрлања).
Одличен меч одиграа Минесота и Индијана, а дури по продолжение, на крајот се радуваа Пејсерс со 132:130. Победата ја донесе Оби Топин со поени на две секунди до крајот. Топин постигна 34 поени, а имаше и 10 скока.
Денвер нагерс со 114:105 славеше над Голден стејт вориорс во меч на којшто поради повреда на лакотот, кај гостите го немаше Никола Јокиќ.
Резултати: Њујорк – Мајами 116:105, Хјустон – Филаделфија 144:137, Минесота – Индијана 130:132, Њу Орлеанс – Детроит 81:127, Јута – Чикаго 97:111, Голден Стејт – Денвер 105:114, Феникс – Торонто 129:89, Портланд – Вашингтон 112:97, Сакраменто – Мемфис 132:122, ЛА лејкерс – Сан Антонио 125:109.