Бостон селтикс поведе со 1-0 во големото финале на НБА-лигата, и тоа со триумф над Далас маверикс од 107-89.
За Келтите ова беше тимска победа, во нивните редови четворица кошаркари постигнаа 15 или повеќе поени, додека кај гостите Лука Дончиќ даде 30 поени, што е една третина од поените на Далас и изостана поддршката од соиграчите, ниту еден друг негов соиграч не постигна повеќе од 14 поени. Кајри Ирвинг, кој застана на скромни 12 поени, сега има серија од 11 порази по ред во дуелите со неговиот некогашен клуб.
Бостон тргна моќно, првото полувреме го води со 21 поен разлика благодарение на Кристапс Порзингис, кој беше мотивиран на своето деби во финалните натпревари и во првото полувреме даде 18 од своите 20 поени. Џејлен Браун со 22 поени беше прв стрелец кај Бостон, а тој го имаше и најатрактивниот поен на мечот. Забивањето на Браун може да го погледнете ТУКА.
Селтикс има серија од осум победи по ред, а за Маверикс заврши низата од пет гостински победи едноподруго.
Вториот натпревар од големото НБА-финале се игра в недела вечер.