Дончиќ не сопира да „лудува“, Ленард подобар од тимот со кој стана првак на НБА

Лука Дончиќ не може секогаш сам да носи победи на Далас. Словенецот даде 34 поени, а имаше и девет асистенции и шест скока, на неговиот тим загуби на гостувањето на Бостон со 116:106. Првото полувреме беше израмнето, па по две четвртини беше 54:54, но потоа Бостон стигна до предност која ја чуваше до самиот крај.

Седма победа сезонава забележа Лос Анџелес клиперс откако на свој терен го победи шампионот Торонто. Ова беше дуел на Кавај Ленард против клубот со кој пред неколку месеци стана шампион на НБА. Ленард се мачеше да погоди, па на крајот заврши само со 12 поени, но имаше и 11 скока и девет асистенции, што значи дека му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл.

Торонто водеше со пет поени во пресрет на последната четвртина, но Клиперс со одлична одбрана во решавачките 12 минути успеаја да направат пресврт. Домаќините му дозволија на Торонто да даде само 10 поени во последната четвртина и на крајот да стигнат до триумф од 98:88.

Резултати: Детроит – Минесота 114:120, Бостон – Далас 116:106, Сан Антонио – Мемфис 109:113, Њу Орлеанс – Хјустон 116:122, Голден Стејт – Јута 108:122, Лос Анџелес клиперс – Торонто 98:88.

- Оглас -

Најнови вести