30.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Дончиќ: Не стоев на химната, затоа што морав во тоалет (Видео)

Лука Дончиќ одигра блескав натпревар против Израел и беше најзаслужен за победата на словенечката репрезентација, но по мечот повеќе се зборуваше за една бизарна ситуација за време на интонирањето на химните.

Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс не беше во редот со своите соиграчи, а причината самиот ја откри по натпреварот.

„Морав да завршам нешто во тоалет. Ако тоа ве интересира, навистина не знам што да кажам. Не би ја пропуштил химната, но беше итно, не можев да чекам до полувремето“, изјави Дончиќ.

Словенецот блесна на теренот и беше на чекор до трипл-дабл, натпреварот го заврши со 37 поени, 11 скока и 9 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести