Лука Дончиќ уште еднаш блесна во НБА-лигата, беше незадржлив на теренот, но на крајот неговиот Далас сепак загуби на гостувањето кај Кливленд. Словенецот заврши со 45 поени, 14 асистенции и девет скока, но Кливленд победи, и тоа со кош од речиси 20 метри, со звукот на сирената за крај на средбата.
https://twitter.com/i/status/1762645025924481484
Драматичен беше финишот. Кливленд водеше со 118:117, а Далас беше во напад кога Дончиќ асистираше до Пи Џеј Вашингтон за водство од 119:118 за гостите на помалку од три секунди до крајот.
Кливленд тргна во последен напад, а Макс Струс шутираше од повеќе од половина терен, и тоа преку Дончиќ. Топката влезе директно во кошот за голема радост на домаќините и победа на Кливленд.
https://twitter.com/i/status/1762707476246344002
„Неверојатен шут. Немам што друго да кажам. Макс многу ни наштети во последната четвртина, но тоа на крајот беше неверојатен шут. Јас сум виновен. Требаше подобро да чувам во дефанзивата. Бев прв во одбраната. Тоа е моја грешка“, рече Дончиќ по мечот.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА: Орландо – Бруклин 108:81, Вашингтон – Голден стејт 112:123, Атланта – Јута 124:97, Бостон – Филаделфија 117:99, Њујорк – Њу Орлеанс 92:115, Чикаго – Детроит 95:105, Милвоки – Шарлот 123:85, Минесота – Сан Антонио 114:105, Оклахома – Хјустон 112:95, Портланд – Мајами 96:106.