12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Дончиќ откри како ослабе 16 килограми: „Првпат во животот престанав да играм кошарка“

Лука Дончиќ имаше одличен настап на Европското првенство и како вистински лидер ја предводеше Словенија до четвртфиналето. Словенија загуби од Германија, селекција која подоцна стигна и до златото на континенталниот собир.

По завршувањето на Евробаскетот, Дончиќ реши дека е време малку да одмори, а во едно интервју за Wall street Journal откри како успеа да намали 16 килограми во летниот период.

„Првпат во животот престанав да играм кошарка цел месец“, рече Дончиќ, кој наместо работа со топка, тренирал на ленти, работел „мртви дигања“ во теретана, работел со тегови и вежбал издржливост.

Покрај тоа, имал ангажирано и специјален готвач кој му забранил на Словенецот да јаде од 20 до 12 часот на пладне следниот ден.

„Тоа беа чисти тренинзи и кондиција. Играв и падел и тенис“, додаде Словенецот. Дончиќ на Евробаскетот беше еден од најдобрите играчи, а во просек имаше 34,7 поени, 8,6 скока и 7,1 асистенции по меч.

Сега фокусот на Дончиќ ќе биде подготовка за претсезонскиот период во НБА-лигата, а потоа следува уште една сезона во најсилната лига во светот, и тоа во дресот на Лос Анџелес лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести