Дончиќ овојпат не можеше сам, Јокиќ и Мареј комбинираа 73 поени за спас на Денвер (видео)

ЛА клиперс овојпат не дозволи сензацијата Лука Дончиќ да прави шоу, па со убедливи 154:111 го растури тимот на Далас маверикс за водство во серијата од 3-2. Ѕвездите на Док Риверс ја научија лекцијата, Ленард и Џорџ очигледно има одговор за „украдената“ победа од минатата средба и не му дозволија на осамениот Дончиќ да блесне.

Клиперси уште во првата четвртина остварија +19 поени разлика, која само ја надградуваа во текот на средбата, за на крајот да изнесува недостижни +43 во корист на тимот од Ел-Еј. Потопот на Маверикс можеше да се предвиди со оглед на отсуството на Кристапс Порзингис.

Џорџ со 35, Ленард со 32 поени го потопија Далас, на другата страна Дончиќ реализира за него скромни 22 поени.

https://twitter.com/NBA/status/1298471481416929280

Денвер успеа да избори шести натпревар во серијата против Јута по триумфот ноќеска од 117:107.  Неверојатното дуо Јокиќ – Мареј на Нагетси им донесе важна победа, притоа комбинирајќи 73 поени за намалување на водството на Џезерите на 3-2.

Јокиќ беше беспрекорен во првата четвртина во која реализира 21 поен и имаше пет тројки, додека второто полувреме целосно му припадна на Мареј, во кое постигна 33 поени од вкупно 42.

- Оглас -

Најнови вести