Дончиќ поставува нестварни рекорди во НБА лигата, нема кој да го сопре (Видео)

Лука Дончиќ едноставно е незадржлив во последниот период во НБА лигата. Словенецот блеска, а тоа го потврди и на последниот меч против Детроит кога Далас победи со 142:124, а тој заврши со скор од 39 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Со тоа, Дончиќ ја продолжи неверојатната рекордна низа од шест натпревари по ред на кои остварува трипл-дабл со 30+ поени. На последните четири средби неговиот учинок е со трипл-дабл и 35+ поени, а ако се погледне малку поназад, ќе се забележи дека неговиот просек е 37 поени, 11 скока и 10 асистенции на последните 15 средби кои ги одигра.

Шампионот Денвер немаше никаков проблем против Јута и победи со 142:121, а изненадувачки Никола Јокиќ немаше ни дабл-дабл. Србинот на крајот заврши со 26 поени, шест скока и осум асистенции.

Во мечевите кои се одиграа ноќеска: Шарлот – Бруклин 110:99, Детроит – Далас 124:142, Голден Стејт – Сан Антонио 113:126, Феникс – Бостон 107:1117, Денивер – Јута 142:121, Портланд – Торонто 128:118 по продолжение.

- Оглас -

Најнови вести