33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Дончиќ потпиша договорот вреден 165 милиони долари и веднаш донираше пет милиони долари

Лука Дончиќ вчера го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс и во клубот треба да остане во следните три години. За оваа лојалност, Лејкерс на Дончиќ ќе му искешира 165 милиони долари.

Продолжувањето на договорот значи дека Дончиќ ќе има опција во летото 2028 година да добие нов петгодишен договор вреден 417 милиони долари, но уште е далеку да се размислува за такво нешто. Веднаш по потпишувањето на договорот, Дончиќ преку социјалните мрежи откри дека направил еден убав гест, за помош на млади спортисти.

„Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам на освојување на шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „X“, пред потоа додаде:

„Денес донирам и пет милиони долари за да им помогнам на 77 млади спортисти ширум светот да ги остварат своите соништа, исто како што направив и јас. Кошарката ми даде сè и имам среќа што можам да возвратам и да им помогнам на следната генерација“, откри словенечкиот кошаркар.

Целта на иницијативата на Дончиќ е да обезбеди финансиска и менторска поддршка на спортски таленти од целиот свет преку неговата фондација. Бројот 77 е тој што го носи на дресот во Лејкерс и токму затоа е избрано да бидат стипендирани толкав број на млади спортисти.

- Оглас -

Најнови вести