Дончиќ пред неколку дена за 15 милиони долари купил куќа во Далас

Лука Дончиќ воопшто не знаел дека ќе биде трампан во Лос Анџелес лејкерс, а тоа го потврдува и фактот дека Словенецот само пред неколку дена се решил за голема инвестиција. Дека Дончиќ бил среќен во Далас и дека воопшто не планирал да си замине од клубот, потврдува и фактот дека само пред неколку дена Словенецот решил да си купи нова куќа во Далас.

Ова го открива некогашниот играч на Далас, Чандлер Парсонс, кој гостуваше на една ТВ-емисија во САД. Парсонс вели дека Дончиќ само пред неколку дена купил куќа во Далас, за која исплатил 15 милиони долари.

Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, а фактот дека има само 25 години беше дополнителен шок за сите бидејќи се очекува токму Лука да биде главен на терените во најсилната лига и во следните неколку години.

Парсонс вели дека Дончиќ дури и плачел откако слушнал за одлуката да биде трампан и дека мора да замине во Лос Анџелес лејкерс. Дончиќ беше подготвен за нов договор со Далас, кој требаше да го потпише на крајот од оваа сезона, а се работеше за петгодишна соработка вредна дури 345 милиони долари. Сега сето тоа оди во заборав.

За седум години поминати во Далас, Дончиќ има просек од 28,6 поени, 8,7 скока и 8,3 асистенции по меч.

- Оглас -

Најнови вести