Дончиќ прописно се избламира во натпреварувањето за вештини (видео)

Лука Дончиќ дефинитивно е најдобриот млад кошаркар во НБА-лигата од кого се очекува да ја предводи новата генерација, меѓутоа младата ѕвезда на Далас покажа како не треба да се учествува во натпреварувањето за вештини.

Дончиќ загуби од Домантас Сабонис во полуфиналната рунда откако заостана цел круг зад Литванецот, не можејќи да оствари точно додавање во гумената рамка. Сабонис рутински ги помина сите пречки и на крајот погоди тројка од првиот обид, а подоцна и победи во ова натпреварување откако беше подобар од Никола Вучевиќ во финалето.

Дончиќ по натпреварувањето се правдаше дека не бил загреан и затоа потфрли.

- Оглас -

Најнови вести