Далас маверикс – ЛА лејкерс (03:45ч)
Далас и Лејкерс за четврти и последен пат во оваа сезона ќе ги одмерат силите во регуларниот дел од сезоната. Езерџиите водат со 2-1, една од победите е токму во „Американ ерлајнс центарот“. Секако вниманието ќе биде насочено кон Дончиќ и Џејмс, младата словенечка ѕвезда повторно ќе сака да се докаже пред својот идол.
Се очекува директен и поинтензивен дуел на двајцата предводници, бидејќи Далас ќе игра без Порзингис, а Лејкерси ќе бидат без Дејвис. Последниот пат кога Кралот гостуваше во Тексас беше најзаслужен за триумфот на Лејкерс со со трипл-дабл oд 39 поени, 16 асистенции и 12 скока, но и Дончиќ беше расположен со 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.
Во евентуално репризно издание на најголемите ѕвезди на паркетот, значи дека може да се очекува спектакуларна пресметка.
Предлог тип: <222,5 поени (1.93)
Чикаго булс – Индијана пејсерс (02ч)
Индијана се радуваше во последните две гостувања кај Чикаго, а воедно држат добра серија од седум последователни победи против Биковите. Ако се земе во предвид дека Чикаго е во кризен период, не се гледа начин како би можеле Булси вечерва да го совладаат тимот од Индијанаполис.
Пејсерси имаат намера да го одржат чекорот со останатите водечки екипи од Истокот, но треба да се знае дека победија само еднаш во последните пет гостински средби, што значи дека не им оди кога не играат на домашен терен.
Предлог тип: Т2 >108.5 поени (1.97)
Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс (02ч)
Ова е битка за осмото и последно место од Западната конференција кое води во разигрувањата. Сепак рано е да се прават калкулации за плејофот бидејќи има доста за играње во регуларниот дел од сезоната, но убаво е да се види која екипа повеќе го посакува тоа место.
Спарси имаат исто победи колку и Мемфис (16), но два порази помалку, а може да си го подобрат учинокот доколку го повторат изданието од дуелот кој се одигра кон крајот на декември минатата година. Сан Антонио победи со 145:115 токму пред навивачите на Гризлис, меч во кој Олдриџ блескаше со 40 поени.
Сепак, домаќините имаат четири победи на последните пет домашни меча, додека кошаркарите на Попович бележат 5-11 учинок на гости, па се очекува да биде неизвесно.
Предлог тип: <231,5 поени (1.80)
Јанис Адетокумбо, Сакраменто кингс – Милвоки бакс (04ч)
Милвоки ги доби последните четири средби против Сакраменто, а во две од нив токму Адетокмубо беше причината што Бакс славеа. Исто така најефиксниот тим од Истокот беше неприкосновен во последните два меча, постигна по 140 поени против тимот од Калифорнија.
Популарниот Грик Фрик треба точно да стигне до „30-ка“ за да го погодиме неговиот поентерски учинок, а знаеме колку му е лесно да блесне кога на тимот му е потребна победа.
Предлог тип: Ј. Адетокумбо >29,5 поени (1.87)
ЛА клиперс – Голден стејт вориорс (04:30ч)
Клиперси немаа милост во првата овосезонска пресметка против вицешампионот, и славеа во Сан Франциско со 141:122. Помалку јасно е зошто Воините беа толку немоќни и покрај високиот учинок, се чувствува колку недостасуваат Кари и Томпсон.
Затоа Ленард и Џорџ ќе треба да го покажат својот квалитет, на Канџата му е посебно убаво да игра против тимот кого го совлада во финалето и го освои вториот шампионски прстен во кариерата. Клиперс не се во сјајна форма на домашен терен, впрочем се во негатива од 2-3 ако се гледаат само последните пет меча, но Голден стејт е најслаб состав на Западот, па не треба да се очекуваат големи изненадувања на овој меч.
Предлог тип: 1 & 220,5 поени (2.05)