17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Дончиќ само што пристигна во Лејкерс, а веќе ги освои срцата на сите во Лос Анџелес

Лука Дончиќ го очекува својот прв натпревар за ЛА лејкерс, а веќе ги освои срцата на сите во, како што вели, својот нов дом. Словенечкиот кошаркар одлучи да донира 500.000 долари за санирање на штетата од големите пожари кои го зафатија Лос Анџелес, а дополнително ќе ги реновира и кошаркарските и спортските терени во опожарените подрачја.

Дончиќ е познат по својата хумана страна и додека беше член на Далас Маверикс, а за тоа доби и бројни признанија од хуманитарни организации во САД.

- Оглас -

Најнови вести