На последниот тренинг на Словенија на Европското првенство се случи интересна сцена, во која главни актери беа Лука Дончиќ и Ален Омиќ.
По завршувањето на тренингот, Дончиќ реши да шутира кон кошот од влезот на тунелот што води кон соблекувалните. Со Омиќ склучија облог за 50 склека. Дончиќ погоди од прва, а на Омиќ му остана да ги одработи склековите – на голема радост на присутните.
View this post on Instagram
Снимката веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Словенија денес го игра последниот меч во групната фаза против Израел (17 часот). Двете репрезентации веќе обезбедија осминафинале, а дуелот ќе одлучи од која позиција ќе влезат во нокаут-фазата.