5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Дончиќ се повреди, а потоа гневен шутираше во рекламните паноа (Видео)

Во полноќните термини во НБА-лигата се одиграа осум меча, а посебно внимание предизвика повредата која ја заработи Лука Дончиќ. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс се повреди додека беше во еден напад.

Бутниот мускул на задниот дел од левата нога беше местото каде што Дончиќ се повреди и едноставно не можеше да го продолжи дуелот, па веднаш замина во соблакувалната.

Фрустриран поради повредата, Дончиќ нервозно шутираше во рекламните паноа кои беа поставени покрај теренот.

Кога Дончиќ излезе од теренот, Лејкерс губеа со 49:40, а во еден момент потоа имаа и заостанување од 14 разлика. Сепак, домашниот тим на крајот успеа да направи пресврт и да донесе радост за навивачите од Лос Анџелес, победувајќи со 119:115.

Без Дончиќ на теренот, улогата на предводник ја презеде Остин Ривс, кој заврши со 35 поени, а одличен беше и ветеранот Леброн Џејмс со дабл-дабл учинот од 17 поени и 10 скока.

Резултати од мечевите кои се одиграа ноќеска: Детроит – Вашингтон 117:126, Орландо – Бруклин 118:98, Атланта – Јута 121:119, Торонто – Чикаго 123:107, Хјустон – Шарлот 99:109, Далас – Сан Антонио 123:135, Феникс – Голден стејт 97:101, ЛА лејкерс – Филаделфија 119:115.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести