Лука Дончиќ имаше емотивно враќање во Далас, проследено со солзи во моментите кога публиката скандираше „Лука МВП“. Од публиката можеше да се слушне и „избркајте го Ник“, што се однесуваше на генералниот менаџер на Далас, кого навивачите го сметаат за најголемиот виновник за заминувањето на Лука Дончиќ.
Сепак, кога започна мечот, Дончиќ како да беше дополнително мотивиран, па со 45 поени самиот го победи Далас и донесе победа од 97-112 за Лос Анџелес лејкерс. Словонечкиот интернационалец на 45-те поени додаде и осум скока и шест асистенции. Голема поддршка доби од Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со 27 поени.
По четири порази во низа, Денвер им се врати на победите и славеше со 116-124 на гостувањето кај Сакраменто. Никола Јокиќ го заврши мечот со трипл-дабл од 20 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Резултати:
Орландо – Бостон 96-76
Вашингтон – Филаделфија 103-122
Далас – ЛА лејкерс 97-112
Торонто – Шарлот 126-96
Чикаго – Мајами 119-111
Јута – Портланд 133-126 (114-114)
Голден стејт – Сан Антонио 111-114
Феникс – Оклахома 112-125
Сакраменто – Денвер 116-124
ЛА клиперс – Хјустон 134-117