Дончиќ: Штета е што нема да се видиме со Србија во финале

Кошаркарската репрезентација на Србија не сакаше да калкулира на вчерашниот меч со Полска, и одбра да биде прва во својата група, и да има тежок пат до финалето на Евробаскетот.

Србите во осминафинале играат со Италија, можен ривал во четвртфинале им е Франција, а во полуфиналето може да налетаат на актуелниот првак Словенија, која е предводена од Лука Дончиќ.

Таткото на Лука, Саша, по потекло е Србин, и жали што во големото финале, нема да се сретнат Словенија и Србија.

„Голема штета е што нема да може пак да се видиме во финале. Но, полека, за да се дојде до полуфинале, претходно треба да се добијат по два меча, а сешто може да се случи во нокаут фазата. Тврдам дека Србија, Грција и Словенија се трите главни кандидати за злато“ – вели таткото на Лука Дончиќ, кој е поранешен кошаркар, а во последните години работи како тренер.

- Оглас -

Најнови вести