Лука Дончиќ си игра со бројките во НБА лигата и повторно забележа импресивен трипл-дабл со 22 поени и по 12 скока и асистенции, што му е 33-то вакво оставрување и веќе го стаса легендарниот Боб Кузи.
Словенецот ја предводеше серијата од 17:4 на Далас маверикс, клучна во финишот на мечот против Сан Антонио спарс во победата од 115:104.
Дончиќ и Кузи се израмнети на 11. место на вечната листа на кошаркари со најмногу трипл-дабл учиноци. Одличен меч одигра и Летонецот Кристапс Порѕингис со 28 поени и 14 скока.
Кај поразениот тим и на ме.от најефикасен беше Демар Де Розан со 30 поени, а Сан Антонио спарс објавија дека втората ѕвезда во тимот Лемаркус Олдриџ нема повеќе да игра за нив.
Уште еден играч од Европа блескаше ноќеска и беше главен фактор за победата на својот тим. Литванецот Јонас Валанчиунас постигна 29 поени за Мемфис, најмногу сезонава, а имаше и 20 скока, со што си го израмни личниот реккорд во овој циклус на натпревари во НБА лигата.
Мемфис го победи Вашингтон со 127:112 и стаса до позитивен биланс од 17 победи со 16 порази.