Дончиќ со најдобриот потег на ЕП, Словенија стигна до втората победа (Видео)

Словенија без многу проблеми ја победи Унгарија со 103:88 во меч од второто коло на Европското првенство. Уште од самиот почеток Словенците поведоа со 8:0, а потоа и со 18:2, по што јасно се виде дека има разлика во квалитет меѓу двата тима.

Предноста на Словенците во втората четвртина стигна и до 24 поени (50:26), а добрата игра и високата предност ја задржаа и во третата четвртина, која во еден момент беше 29 разлика (86:57) и беше јасно дека предноста и на крајот ќе биде двоцифрена.

Лука Дончиќ беше предновник на Словенците со 20 поени и по седум скока и асистенции. Посебно атрактивен беше потегот на Дончиќ во првата четвртина кога успеа да ја протне топката низ нозете на противничкиот играч, а потоа и да асистира за цепелин.

https://twitter.com/i/status/1566136489146064896

- Оглас -

Најнови вести