Дончиќ со нов блесок и трипл-дабл ги исфрли Лејкерс и од Топ 10 на Западот (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч и, секако, беше најзаслужен за победата на Далас на гости кај Лос Анџелес лејкерс од 128:110 во еден од петте меча кои се играа ноќеска во НБА-лигата.

Словенецот беше незадржлив и на крајот имаше трипл-дабл со 34 поени и по 12 скокови и асистенции, и тоа само за 30 минути поминати на паркетот. Освен Дончиќ, уште шестмина кошаркари на Далас имаа двоцифрен број поени.

Кај Лејкерс го немаше Леброн Џејмс, па најдобар во гостинскиот тим беше Малик Монк со 28 поени, додека Расел Вестбрук заврши со 25 поени. Лејкерс со овој пораз падна на 11-тото место на Западот и сега не е ниту на позиција која носи во доигрувањето за плејофот.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Филаделфија – Милвоки 116:118, Вашингтон – Чикаго 94:107, Бруклин – Детроит 130:123 и ЛА клиперс – Јута џез 121:115.

- Оглас -

Најнови вести