Лука Дончиќ одигра уште еден меч во кој оствари нов подвиг. Дебитантот беше незадржлив и даде 30 поени во победата на Далас против Феникс од 104:94. На тинејџерот ова му беше четврти меч на кој дава барем 30 поени. Личниот рекорд му е 34 поени.
Покрај одличната реализаторска игра, Лука додаде и шест скокови, пет асистенции и три украдени топки. Тоа е само седми меч на кој еден тинејџер успева да заврши со вакви бројки зад своето име. Само на двајца играчи претходно им успевало тоа. Леброн Џејмс и Кевин Дурант се ѕвездите кои како тинејџери блескале толку силно.
.@luka7doncic finished w/ 30pts/6rebs/5asts/3stls that's only 7th time in NBA history that a teen has finished w/those totals. Only other 2 players to ever accomplish that are LeBron James & Kevin Durant. But most importantly we got the W!
Next match: 7pm on Friday in Minnesota! pic.twitter.com/q83QtVaKDL
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 10, 2019
Ноќеска во НБА се одиграа вкупно 10 меча, а домаќините се радуваа на девет. Единствено Милвоки успеа да победи на гости, и тоа кај Хјустон со 116:109. Јанис Адетокумбо беше незадржлив и на крајот имаше 27 поени и рекордни во кариерата 21 скок.
Бруклин ја победи Атланта со убедливи 116:100, но интересно е тоа што гостите во текот на мечот имаа дури 19 поени предност, а на крајот згубија со 16 разлика.
Резултати: Бостон – Индијана 135:108, Вашингтон – Филаделфија 123:106, Бруклин – Атланта 116:100, Хјустон – Милвоки 109:116, Мемфис – Сан Антонио 96:86, Њу Орлеанс – Кливленд 140:124, Далас – Феникс 104:94, Јута – Орландо 106:93, Портланд – Чикаго 124:112, ЛА лејкерс – Детроит 113:100.