Дончиќ со нова егзибиција и „луд“ кош (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште еден меч по неговите стандарди и даде 32 поени, но тоа сепак не беше доволно Далас да избегне пораз на свој терен од Филаделфија. Само во првата четвртина се играше израмнето, а потоа во следните три квартали, гостите постојано беа во предност и на крајот заслужено победија со убедливи 113:95.

Потегот на овој меч се случи уште на загревање. Дончиќ најпрво реши да жонглира во фудбалски стил, а потоа речиси кога тргна кон соблекувалните, го зеде баскетот во раце и шутираше од огромна далечина и необичен агол, но успеа да погоди.

 

- Оглас -

Најнови вести