Дончиќ со потег кој ги воодушеви Турците

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ покажа дека освен што е феноменален играч, има и одлични човечки особини. Момчето кое е родено во Љубљана беше запрашано дали може некако да помогне за луѓето кои настрадаа во разорниот земјотрес во Турција, веднаш следуваше реакција.

Дончиќ реши да го донира дресот што го носеше на Ол-стар мечот кој неодамна беше во Јута и на него има потпис од кошаркарот.

„Лука Дончиќ го контактиравме дали може да ни помогне во врска со земјотресите во Турција и тој веднаш се сложи. Тој го понуди на аукција својот дрес од Ол-старот со потпис“, откри турскиот новинар Угур Озан Сулак.

Аукцијата за купување на дресот ќе трае до 5 март, а сите пари што ќе бидат собрани ќе бидат донирани на оние кои се најпогодени од земјотресот.

- Оглас -

Најнови вести