-2.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Дончиќ со трипл-дабл го сруши Денвер и го мина Јокиќ на вечната листа (Видео)

Лука Дончиќ со фантастична партија беше лидерот на Лос Анџелес Лејкерс во големата победа над Денвер на гостински терен од 107-115. Словенечкиот репрезентативец го заврши мечот со трипл-дабл ефект од 38 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Денвер играше одлично три ипол четвртини, во кои имаше предност и од 16 поени, но Лејкерси направија комплетен пресврт во последниот период, па дури дојдоа и до водство од 13 поени разлика.

Дончиќ со денешното постигнување го мина Јокич по бројот на тројни ефекти во НБА лигата со најмалку 30 поени, па сега пред него на вечната листа е само Оскар Робертсон.

Резултати:

Филаделфија – Феникс 110-116
Чикаго – ЛА Клиперс 138-110
Хјустон – Сан Антонио 111-106
Јута – Минесота 127-122
Денвер – ЛА Лејкерс 107-115
Голден стејт -Торонто 127-145
Сакраменто – Мајами 117-130

- Оглас -

Најнови вести