Дончиќ со трипл-дабл и две неверојатни тројки го носеше Далас со триумф над Лејкерси по две продолженија (Видео)

ЛА лејкерс и Далас маверикс одиграа фантастичен натпревар кој заврши со триумф на тимот од Тексас со 119:115 и во кој беа играни и две продолженија по пет минути, а херој на мечот беше Лука Дончиќ, кој оствари нов трипл-дабл и постигна две тројки со кои го спаси својот тим.

https://twitter.com/i/status/1613778715569426437

Првата ја даде на шест секунди до крајот за да го однесе мечот во продолжение, а втората за второ продолжение од пет минути. Во вториот дополнителен период, улогата на херој ја презеде Спенсер Динвиди, кој постигна четири поени по ред со кои му донесе предност на Далас од 118:113. Лејкерси не го добија натпреварот поради очајниот шут за три поени, тие во регуларниот дел постигнаа само седум тројки.

Дончиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции, а добра партија прикажаа и Кристијан Вуд со 24 поени и 14 скокови и Тим Хардавеј јуниор со 22 поени. На спротивната страна, Расел Вестбрук беше најефикасен со 28 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл од 24 поени и 16 скокови.

Во дербито на Истокот, Мајами хит го искористи неиграњето на Јанис Адетокумбо поради повреда на колеото и славеше со 108:102. Гејб Винсент со 28 поени и Бам Адебајо со 24 поени и 12 скока беа најдобри кај Мајами, додека Џру Холидеј во отсуство на Јанис ја презеде улогата на главен поентер и мечот го заврши со 24 постигнати поени.

Во мечот на двата најдобри тима во Источната конференција, Бостон селтикс како гостин го совлада Бруклин нетс со 109:98 и ја продолжи победничката серија. Џејсон Тејтум со 20 поени и 12 скока го предводеше Бостон, додека кај Бруклин се истакна Кајри Ирвинг со 24 постинати поени.

Резултати: Филаделфија – Оклахома сити 114:133, Бруклин – Бостон 98:109, Мајами – Милвоки 108:102, Торонто – Шарлот 124:114, ЛА лејкерс – Далас 115:119, Портланд – Кливленд 113:119

- Оглас -

Најнови вести