20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Дончиќ повторно со 50+ поени: Не знам како го правам тоа (Видео)

Лука Дончиќ едноставно е незадржлив во НБА лигата на последните неколку дуели. Откако врза два меча со неверојатни трипл-дабл учиноци кои никогаш претходно ниту еден играч во НБА не ги остварил, сега на дуелот против Сан Антонио, првата ѕвезда на Далас постигна 51 поен. Ова е трет меч во низа на кои Дончиќ дава 50+ поени, а Далас стигна до шестата победа во низа.

„Преморен сум. Нашата игра во одбраната не беше добра, но успеавме некако на крајот да ги одбраниме клучните напади. Ни јас самиот не знам како успеав да постигнам толку многу поени. Некогаш ме удвојуваат, а некогап можам да играм „пик ен рол“. Се орјентирам во нападот според начинот на кој ме чуваат. Најважно е дека на крајот победивме“, рече Дончиќ, кој не само што постигна 51 поени, туку ги погоди и важните две слободни фрлања на 4,1 секунди до крајот.

Резултати: Шарлот – Бруклин 106:123, Чикаго – Кливленд 102:103, Хјустон – Њујорк 88:108, Сан Антонио – Далас 125:126, Мемфис – Њу Орлеанс 116:101, Минесота – Детроит 104:116, Оклахома – Филаделфија 96:115, Јута – Мајами 123:126.

 

- Оглас -

Најнови вести