Дончиќ упати сочни пцовки кон судијата, но заборави дека е Хрват па си доби техничка (Видео)

Лука Дончиќ денеска со селекцијата на Словенија со 89:85 ја совлада Италија и го освои седмото место на Светското првенство, но ѕвездата на Далас маверикс повторно доби техничка грешка поради расправија со судиите.

Овој пат Дончиќ, на српски јазик го опцу судијата, но заборави дека арбитерот е Хрват и си доби техничка грешка.

Кон крајот на третата четвртина, откако Дончиќ беше запрен во контра, судијата кој беше најблиску до него, не досуди прекршок во негова корист.

„Да ти е**м мајката“, опцу Дончиќ кон судијата, Мартин Вулиќ од Хрватска, кој добро разбра што му кажа Словенецот и веднаш му досуди техничка грешка.

С

 

- Оглас -

Најнови вести