18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Дончиќ уште во првиот меч на СП ја истакна кандидатурата за МВП

Селекцијата на Словенија ја оправда фавортиската улога, но потешко од очекувањата ја совлада Венецуела во првиот натпревар на кошаркарскиот Мондијал.

Словенците дојдоа до стотката, славеа со 100:85 и тоа благодарение на првата ѕвезда, Лука Дончиќ. Првата четвртина ја доби Венецуела со 31:33, но потоа на сцена стапи Дончиќ и на одмор, Словенија замина со предност од 56:51.

Во второто полувреме, словенечките кошаркари постојано имаа предност, веднаш дојдоа до двоцифрена разлика која ја одржуваа до крајот.

Кошаркарот на Далас на теренот помина дури 31 минута и за тоа време постигна 37 поени, но имаше слаб шут за тројка (2/8). Одличен беше и Мајк Тоби со 21 поен, а Клемен Препелиќ постигна 18 поени за Змајчеки.

Кај Венецуелците одличен беше Гарли Сохо со 16 поени, а Жулиен и Замора дадоа по 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести