Лука Дончиќ денеска наполни 20 години и веќе не е тинејџер, па сега тој ја препушта „титулата“ најдобар тинејџер во светската кошарка.
Словенецот откако освои сè во Европа, премина во НБА-лигата, а и таму во дресот на Далас маверикс игра одлично. Само Леброн Џејмс и Кармело Ентони имале повеќе поени од Дончиќ пред да наполнат 20 години, но тие одиграа и повеќе мечеви од Лука во најсилната лига на светот. Бројките на Лука го прават еден од најдобрите дебитанти во историјата на НБА и сето тоа само на 19 години.
Во некои категории, Лука е најдобар на сите времиња. Тој имаше четирипати трипл-дабл како тинејџер, има два меча со 35 поени, 10 скока и пет асистенции, има дадено 141 тројка, што е повеќе од кој било друг тинејџер во постоењето на НБА.
„Само небото е граница за него“ е најчестата реченица која ја кажуваат стручњаците за тоа каде се лимитите на Дончиќ, кој сега има 20 години.