-2.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Дончиќ во свој стил, а Леброн го следеше за лесна победа на Лејкерс (Видео)

Лука Дончиќ го предводеше тимот на Лос Анџелес лејкерс до победа над Сакраменто од 125:101 во еден од шесте меча кои се играа во НБА-лигата. Првата ѕвезда на Лејкерс постигна 34 поени, а имаше и пет скока и седум асистенции. Одличен беше и ветеранот Леброн Џејмс со 24 поени, три скока и пет асистенции.

Лејкерс уште од стартот на мечот заигра одлично, па по првото полувреме имаше предност од 68:53. Фаворитот потоа рутински ја сочува предноста во вториот дел и стигна до триумф.

На победа се радуваше и вториот тим од Лос Анџелес, а тоа е Клиперс, кој со 112:99 го победи Детроит. На овој меч блесна Кавај Ленард, кој постигна 55 поени, речиси  половина од поените на победничката екипа.

Интересно е дека на сите шест меча кои се одиграа, победија домашните екипи, па така: Вашингтон со 116:112 беше подобар од Мемфис, Портланд го победи Бостон со 114:108, Оклахома лесно се справи против Филаделфија и славеше со 129:104, а најинтересно беше на дуелот меѓу торонто и Голден стејт, каде што домаќините победија со 141:127, но дури по продолжение.

- Оглас -

Најнови вести