Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека кога е расположен за игра, е неадржлив и за најдобрите во НБА-лигата. Словенецот го предводеше Далас до победа над Голден стејт од 122:113, во дербито на денот во НБА-лигата.
Дончиќ беше незадржлив и мечот го заврши со 41 поен, 10 скока и девет асистенции, што значи дека му фалеше само едно додавање за трипл-дабл. На другата страна, ѕвездата на Голден стејт, Стеф Кари, имаше 21 поени, пет скока и девет асистенции, што не беше доволно за Воините да се радуваат.
Ова е втора победа на Далас против Голден стејт за помалку од една недела.
Кевин Дурант се врати на паркетот по една и пол месечна пауза, но тоа не му помогна на Бруклин да стигне до победа против Мајами. Гостите се радуваа со 113:107, иако Дурант беше одличен и даде 31 поен.
Резултати: Атланта – Чикаго 130:124, Бостон – Мемфис 120:107, Бруклин – Мајами 107:113, Торонто – Детроит 106:108, Далас – Голден Стејт 122:113, Сан Антонио – Сакраменто 112:115, ЛА Клиперс – ЛА лејкерс 132:111.