18.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Дончиќ за историја, шампионот сега е единствен непоразен тим во НБА

Лука Дончиќ продолжува да блеска на стартот на сезоната во НБА, овојпат не постигна над 40 поени, но направи трипл-дабл и стана првиот кошаркар по Вилт Чемберлен од 1962/63 кој постигнал барем 165 на првите четири меча во една сезона.

Лејкерси уште се без Леброн Џејмс, а го победија Мајами хит со 130-120. Дончиќ погоди само една тројка од 11 обиди, но и покрај лошиот шут од поле заврши со 29 поени и влезе во поновата историја на најсилната кошаркарска лига. Словенецот беше одлично поддржан од Остин Ривс со 26 поени и 11 асистенции и Џејк ЛаРавија со 25 поени и осум скока.

Актуелниот првак Оклахома Сити тандер, кој е на 7-0, остана единствен непоразен тим сезонава. Сан Антонио спарс на гостувањето во Феникс го претрпе првиот пораз, Сонцата беа подобри со 130-118. Виктор Вембањама беше запрен на едноцифрен број поени и скокови, и тоа е главната причина за поразот на Спарс.

- Оглас -

Најнови вести