Светското фудбалско првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар и дефинитивно ќе се игра во доцна есен, а не како досега во летниот период. Челниците на Светската фудбалска федерација ФИФА потврдија дека Мундијалот ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, што е прекршување на традицијата.
Од 1930 година, па до последниот планетарен турнир во Русија во 2018 година, шампионатите се играле во летнит период. Како главна причина што овојпат СП нема да се игра во летните месеци е поради фактот што во јуни и јули во Катар е многу топло и нема да има вистински услови за фудбалерите, но и за навивачите.
2022 #WORLDCUP MATCH SCHEDULE
It all starts in Qatar on Monday 21 November 2022
https://t.co/tIvYvRoy5j pic.twitter.com/yQvgGczszK
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 15, 2020